Стив Мекларен со интересен заклучок: Само еден играч од моменталниот тим на Ливерпул би влегол во составот на Манчестер Јунајтед од 1999 година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Составот на Манчестер Јунајтед од 1999 година важи за еден од најдобрите на сите времиња.

Тогаш момците на Сер Алекс Фергусон стигнаа до трите најважни титули во сезоната, освојувајќи ги ФА Купот, Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Мначестер Јунајтед имаше убиствен напад составен од четворица фудбалери (Кол, Јорк, Шерингам, Солскјер), фантастичен среден ред и одлична одбрана. Тренер на овој тим беше легендарниот Фергусон, а негов помошник беше Стив Мекларен кој сега направи паралела со непобедливиот тим на Ливерпул и посочи само еден играч од овој тим кој би можел да влезе во тогашниот Манчестер Јунајтед.

„Вирџил ван Дијк во партнерство со Јап Стам, тогаш би биле непобедливи. Никој не би можел да ги помине. За мене, сериозно, само Ван Дијк би влегол во тој тим на Манчестер Јунајтед. Кога ќе го погледнете тимот на Манчестер Јунајтед…лидерството во цел тим, на сите страни од теренот, тоа беше клучот. Ливерпул се обидува да го направи тоа“ –изјави Мекларен.