Стоилов ја поправи ЕХФ: Мојата земја е Република Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прес-конференцијата по победата на Вардар со 27-24 против Веспрем и освојувањето на европската круна, се појави Стојанче Стоилов, но веднаш најде проблем кај ЕХФ, откако ги поправи затоа што го „згрешија“ името на Македонија.

Спикерот ја честиташе титулата на Вардар и кажа дека тоа е прва за Северна Македонија, но Столе веднаш жестоко реагираше на тоа и ја поправи ЕХФ, па кажа дека доаѓа од Република Македонија.

„Честитки за противниците. Знаеме со какви проблеми се соочуваме цела сезона, но ова е голем триумф за нас и за мојата држава – Република Македонија“, кажа Стоилов.