Стоилов: Некои ракометари очигледно не разбираат што значи да се игра за Вардар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар беше поразен во СЦ „Јане Сандански“ со 32-36 и така остана на седмата позиција во групата А, а начинот на игра на ракометарите беше загрижувачки.

Капитенот на екипата Стојанче Стоилов зборуваше за тоа што го видел на теренот како голем проблем.

Стоилов имаше порака до ракометарите и кажа дека сите кои го носат црвено-црниот дрес не треба да заборават за кој клуб играат.

„Тренерот на Мешков Брест ме потсети каде е проблемот со нашата екипа. Тој ни кажа дека сме посебен клуб и треба тоа сите да го разберат. Мислам дека некои ракометари не знаат за колку голем клуб настапуваат и го земаат тоа здраво за готово што играат за Вардар. Тоа е најголемиот проблем сезонава“, кажа Стоилов.