Стојановски: Четири меча во пет дена е премногу, но се надеваме на пласман на ЕП 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен капитен Дамјан Стојановски веќе со години е дел од првиот тим на Македонија, како и еден од носителите на играта кај селекторот Александар Тодоров.

Нема да биде ништо поразлично и пред „балонот“ во Перм, односно одлучувачките битки за пласман на европскиоот шампионат кој догодина ќе се одржи во четири различни земји.

Непосредно пред заминувањето на нашиот национален тим за Русија искусниот поентер ги искажа своите очекувања за февруарскиот „прозорец“ на ФИБА.

Добра вест е што на овој прв дел од подготовките се појавија сите 15. повикани кошаркари?

„Да, одлична вест е дека сите повикани кошаркари се појавија на повикот, работевме заедно од првиот па се до последниот тренинг во Скопје, и се надевам дека сите ќе бидеме здрави, и дека одиме во Русија во полн состав“.

По здравствените проблеми пред и после Талин, сега во Перм, наместо два ќе треба да одиграме дури четири натпревари за пет дена?

„Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо. Но немаме многу голем избор. Токму поради тоа е добро што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за пласман на Европско првенство“.