Стоук Сити го раскина договорот со Бојан Кркиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогаш големата надеж на Барселона, Бојан Кркиќ, денес го договори раскинувањето на договорот со Стоук Сити.

Тој помина пет години во Стоук, а стигна од Барселона и запиша 85 настапи во сите натпреварувања, а постигна 16 голови.

Повредата на коленото која му се случи во 2015. година го спречи сериозно да се наметне, па беше на позајмици во Мајнз и Алавес.

На задоволство на двете страни денес беше договорено раскинување на договорот, па Бојан ќе ја бара среќата во некој друг клуб.

„Сакаме да ја искористиме приликата да му се заблагодариме на Бојан на неговиот труд во изминатите пет години и да му посакаме се најдобро во иднина“, стои на официјалното страница на Стоук Сити.

Сеуште не е познато каде ќе ја продолжи кариераа некогашната голема надеж на Барселона.