Страшен пад на кошаркар на Портланд: Удри со глава во паркет и доби потрес на мозок (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Портланд трејл блејзерс беа поразени синоќа на гости кај Јута џез со 114-117. Мечот меѓу тимовите го одбележа страшен пад на кошаркарите на Портланд, Анферни Симонс, кој по првата четвртина влезе во соблекувалната, па повеќе не се врати на паркетот.

Овој 20-годишен кошаркар по еден скок шут незгодно падна и удри со глава во паркет и остана да лежи.

Медицинскиот тим реагираше експресно, па беше решено Симонс да го прекине мечот. По прегледите било потврдено дека имал потрес на мозок и не е познато колку ќе отсуствува од теренот.