Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Рома, судејќи според изјавите на тренерот Лучиано Спалети, не се загрижени поради трансферот на Миралем Пјаниќ.
Пјаниќ во ова лето се пресели од Рома во Јувнетус во трансфер вреден 32 милиони евра, а иако овој потег навивачите не му го простија, тренерот на Рома не се грижи премногу.
Смета дека Пјаниќ подобри се Стротман и Паредес.
„Не сметам дека ни недостасува нешто во средниот ред. Ги имаме Стротман и Паредес и двајцата се подобри од Пјаниќ“, изјави Спалети, и додаде:
„Многу квалитетен е истотака и Герсон, но сеуште се прилагодува на нашиот стил. Во средниот ред може да се користи и Флоренци, па така не се грижам“, додаде тој.
Рома во новата сезона цели до највисоки дострели, а сезоната ќе ја започнат со домашниот натпревар против Удинезе кој се игра утр од 18:00 часот.