Струга ги дозна можните противници за плејофот во Конференциска лига


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Струга Трим Лум остана единствен македонски претставник во европските купови.

Струга ТЛ во третото квалификациско коло во Конференциската лига ќе се бори против Есперанж од Луксембург и има отворен пат кон плејофот на натпреварувањето.

Доколку успее да го совлада Есперанж, тогаш Струга ТЛ ја чека уште еден противник во обид да избори групна фаза на натпреварувањето.

УЕФА денеска го објави списокот на можни противници, а тоа се Зрински – Брејдаблик, Карабах – Хелсинки, Астана – Лудогорец.