Струга со хет-трик на Радески го распарчи Будуќност


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Струга Трим Лум се пласира во третото квалификациско коло на Конференциската лига откако славеше против Будуќност со 4-3 во Подгорица.

Гашевиќ донесе предност за Будуќност на стартот на натпреварот, но потоа Марјан Радески со два гола направи целосен пресврт.

Во финишот од полувремето стрелаше Аџиќ од слободен удар и израмни на 2-2, по што Струга во вториот дел преку Ибраими и Радески направи чекор кон следното коло.

До крајот на мечот Будуќност успеа да намали само на 3-4 преку Секуловиќ.