Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Луис Суарез е вишок во Барселона, но нема толку лесно да си замине. Му беше соопштено дека Куман не смета на неговите услуги, но Уругваецот има договор на уште две години.
Уругваецот нема да замине бесплатно, туку бара 25 милиони евра за да го раскинат договорот. Огромната отштета е нешто на што Барселона нема да се согласи, но во наредната сезона со даноци, Суарез би ги чинел 30 милиони.
Агентите на Суарез почнале преговори со Јувентус, а бара плата од 10 милиони евра годишно, па во Торино се скептични за таков договор.
Сепак, преговорите се во тек, па Суарез би можел да заигра со човекот кој го гризна на Мундијалот во 2014 година, а тоа е Џорџо Кјелини.