Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Луис Суарез е на праг да ја напушти Барселона, иако уругвајскиот напаѓач кажа дека ќе остане во каталонскио клуб.
Интерес за Суарез покажува Јувентус, но за да го ангажираат тој мора да добие италијански пасош, поради што денеска напаѓачот беше во Италија.
Суарез во попладневните часови стигна во Перуџа, каде што привлече голем интерес на аеродромот бидејќи го пречекаа многу навивачи.
Одличниот голгетер денеска полагаше тест по италијански јазик, а набрзо стигнаа и резултатите, па Суарез доби диплома за познавање на италијански јазик на ниво – Б1.
Единствена пречка за да се пресели во Јувентус сега е италијанскиот пасош, кој мора да го добие ако сака да заигра во италијанскиот шампион.
#AHORA @lucabianchin7 periodista italiano nos cuenta sobre la llegada de Luis Suárez a Perugia https://t.co/bxxfuobHvU https://t.co/xUHvcyfmCf
— Sport 890 (@Sport890) September 17, 2020