Суарез се збогува од Гремио, но нема да оди во пензија! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез реши да го напушти Гремио, иако имаше договор до крајот на 2024 година, не нема да оди во пензија, туку ќе игра за друг клуб.

Суарез ги освои срцата на навивачите на бразилскиот тим, откако настапи на 53 натпревари и постигна 27 голови.

Искусниот голгетер имаше проблеми со повреди, па многумина се сомневаа дека ќе успее во Бразил, меѓутоа успеа да ги замолчи критичарите.

Последниот натпревар ќе го одигра в среда, кога Гремио гостува кај Флуминенсе, а потоа се очекува да се пресели во Интер Мајами.