Суарез со една изјава проба да се искупи по лудата прослава на голот против Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Луис Суарез еуфорично го прослави погодокот против неговиот поранешен клуб Ливерпул во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу овие два тима.

Суарез сега, пред средбата на „Енфилд“ проба да ја ублажи ситуацијата која предизвика бес кај фановите на Ливерпул.

„Враќањето во Ливерпул е многу посебно,  овде поминав две прекрасни години. Секогаш ќе бидам многу благодарен на клубот и навивачите. Имам многу убави спомени на времето кое го поминав во Ливерпул. Го имам целото почитување на овој свет кон навивачите на Ливерпул и многу им сум благодарен. Ако дадам гол на „Енфилд“ нема да го прославам како на „Камп Ноу“. Времето кое го поминав овде ми помогна на многу начини и сега играм во Барселона благодарение само на Ливерпул“- истакна Суарез.