Судар на титаните, Раиола против Мендеш – Кој има подобри играчи?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тие двајца се највлијателни менаџери на светот. Ќе биде интересно да се види дуелот на фубдлаерите кои ги застапуваат.

Какво тоа ќе биде дерби, додуша без Нејмар и Меси кои ги застапуваат татковците, но сеедно, два од три најголеми трансфери на сите времиња, на Погба Раиола се дело на Мино Раиола, односно Жерге Мендеш.

Британски Сан си поигра, направи тим од фудбалери чии интереси ги застапуваат двата најпознати менаџери на светот.

Да тргнеме од тимот на Раиола, не би имал баш престижно име на клупата, тој е агент на Мартин Јол некогашниот менаџер на Фулам, Ајакс, Хамбургер, Тотенхем кој сега името го наплатува по нафтата на истокот.

Тука проработи холандската врска, Мино е Италијанец, но порасна во Амстердам каде што неговиот татко држеше пицерија и каде што доаѓаа фудбалери.

На голот на тимот на „Раиола“ би бил Донарума од Милан, по многумина најталентираниот чувар на мрежата.

Михајловиќ му пружи шанса, иако не е во добри односи со Раиола, го нарече „мајстор за пици кој не се разбира во фудбал“.

Во одбраната ќе бидат Ван Дер Вил кој замина како слободен играч од ПСЖ, баш како и Максвел, искусен Бразилец.

Максвел е најдобар другар на Ибра, па јасно е од каде е менаџер Раиола. Италијанецот ги води работите и на Саломон, Полјакот кој настапува за Каљаљи и веќе неколку сезони во Италија.

Па, ако на Раиола одбраната не е импресивна, средниот ред е. Имено, во него се Михтаријан, кој стигна во Манчестер Јунајтед, како и Погба кој треба денеска да стане официјално нов член на Ѓаволите, како и капитенот на Наполи Марек Хамшик Блез Матуиди.

На овие примери се гледа колку е влијателен Раиола. Имено, тој Хамшик сакаше да го доведе во Јувентус, Наполитанците не сакаа да го пуштат, Словакот потпиша нов договор до 2020 година, по поволни услови. Матуиди е на излезните врати од ПСЖ и може да биде баш Јувентус.

Кој е врска на Раиола во Јунвентус каде што соевремено му беа затворени вратите?

Па, Павел Недвед, легендарниот Чех и сега потпретседател на клубот.

Нападот на Раиола?

Јасно, Ибра, потоа Лукаку кој е пред трансфер во Челси и Балотели на кого треба да му најде нов клуб и кој прокоцка многу шанси, но зеде огромни пари и Раиола нема да го напушти.

Донарума,

Ван Дер Вил, Саломон, Максвел,

Михтаријан, Погба, Матуиди, Хамшик,

Ибрахимовиќ, Балотели, Лукаку.

Што има да понуди Мендеш.

Од тренер подобар нема, Жозе Мурињо е клиент на португалскиот менаџер, кој, слично како Раиола, беше угостител пред што почна да се занимава со менаџирање.

 

На голот на тимот на Мендеш е Де Геа кој поради Мурињо ќе остане во Јунајтед.

Одбраната е подобра од таа на Раиола, десно е Фабињо, кој, погодувате, сака во Јунајтед, тука се уште Пепе, Тиаго Силва и Коентрао. Сите се долго под старателство над Мендеш, јасно е дека ги поместува конците во Реал и Монако каде што со Коентрао удоми уште неколку одлични играчи.

Во средниот ред се Андре Гомеш чиј трансфер Мендеш доведе свој играч во Барселона после многу години, таму му биле затворени вратите.

Со него,Хамес или Џејмс Родигез, како и Анхел Ди Марија. Кога ќе ги соберете овие оштети, само за тројцата играчи за врска Мендеш зеде огромни пари, трите трансфери беа околу 150 милиони евра вкупно, кога доаѓаа, односно заминуваа во Реал.

Во нападот, со Кристијано е и Нани, кој го доведе во Јунајтед, па ов 2013 година му го продолжи договорот каде што зеде огромни пари и сега го доведе во Валенсија кој го држи неговиот пријател Питер Лим. Со тие двајца во шицот е Диего Коста, истотака пулен на Мендеш кој го одведе кај Муруњво во Челси.

Во првиот тим нема место за Мутињо, Фалкао, Кварезма, Јасин Брахими, речиси сите познати португалски играчи ги застапува агенцијата на Мендеш.

Де Геа,

Фабињо, Пепе, Тиаго Силва, Коентрао,

До Марија, Гомеш, Родригез,

Роналдо, Нани, Диего Коста.

По нас, посилен е тимот на Мендеш, но Раиола нема да се предаде!