Судбината на Ериксен во Интер наскоро ќе биде позната!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијан Ериксен во следните денови ќе има голем број тестови во Милано, по што ќе биде познато дали може да ја продолжи кариерата.

Феноменалниот дански фудбалер доживеа срцев удар за време на мечот против Финска на Европското првенство, а докторите на теренот му го спасија животот, по што му беше вграден дефибрилатор.

Меѓутоа, Ериксен не може да игра во Италија со таков уред во него. Правилата се јасни и ако сака да ја продолжи кариерата, тогаш ќе мора да се отстрани дефибрилаторот.

„Скај Спортс“ објави дека 29-годишниот фудбалер во следните денови ќе стигне во Милано на прегледи, па ќе ја разгледа опцијата да го отстрани уредот за регулирање на работата на срцето.

„Единствен начин да заигра во Италија е токму тоа, да се отстрани дефибрилаторот и да е здрав и подготвен“, соопшти докторот на Фудбалскиот сојуз на Италија.