„Судбината на Харт може да ја има уште некој фудбалер“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски стручнак Пеп Гвардиола веројатно во ова лето ќе го пушти првиот голман на Манчестер Сити Џо Харт да го напушти клубот.

Харт во минатите години беше незаменли на голот на Граѓаните, но со доаѓањето на Гвардиола на клупата на овој клуб, неговиот статус не се промени.

Пеп денеска за англиските медиуми порача дека „секој кој не е среќен во клубот, може да замине“.

„Тој може да остане, а може и да замине. Тоа истотака важи и за неколку фудбалери во тимот. Не сакам во тимот да останат фудбалери кои не се среќни. Реков за Харт, ако остане во клубот, ќе напредува“, рече Гвардиола.

Да потсетиме дека за услугите на Харт се интересираат бројни екипи, а во прв план тука се Евертон и Севиља.