Судии каде гледате!? Леброн го нокуатираше Игудала и доби прекршок во своја корист! ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мајами хит со 124-114 и сега води со 2-0 во серијата на големото финале во НБА-лигата, но и тој меч го одбележаа судиските грешки.

Судењето често беше критикувано од јавноста и за време на мечот против Денвер нагетс, кога сите обвинија дека Лејкерс добил помош, односно им биле досудени повеќе слободни фрлања.

Во вториот меч од финалето против Мајами судиите повторно беа во центар на внимание затоа што при една акција Леброн со лакт го удри Игудала, но прекршокот беше досуден во корист на „кралот“, иако многумина ќе се сложат дека требаше да се случи спротивното.