Судиите кои му помогнаа на Интер добија неочекувана казна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер доби голема помош од судиите во мечот против Торино, кога по стартот на Ранокија врз Белоти, арбитарот не досуди пенал во корист на домаќините.

ВАР-технологијата ја прегледа снимката, но судијата Маса не реши да му додели пенал на Гуиди, а тоа ги изнервира навивачите на Торино.

Еден ден подоцна стигнаа првите информации за казните на двајцата судии, кои ги чека долго „ладење“, па не е познато кога ќе заиграат повторно.

„Газета дело Спорт“ пишува дека судиите нема да бидат делегирани во следните три или четири кола.

Главниот делегат на судиската организација, Џанлука Роки реши да ги одмори неговите судии на одреден период за да разберат каква грешка направиле.