Судијата го „изгоре“ Челси, Тухел и Конте сакаа да се тепаат (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дербито во Лондон заврши 2-2, откако Челси имаше водство до 96. минута, но Тотенхем во последната минута стигна до реми, откако претходно имаше неколку контроверзни одлуки на судијата.

Најпрво при првиот гол на Тотенхем не беше досуден прекршок врз Каи Хаверц, иако беше очигледно дека го има, по што следеше вербална пресметка меѓу тренерите Томас Тухел и Антонио Конте.

Германецот и Италијанецот продолжија со караницата и по мечот, а паднаа тешки зборови на двете страни, по што редарите и останатите членови на екипите се обидоа да ги раздвојат и да спречат тепачка.

Челси во следното коло гостува кај Лидс, додека Тотенхем го пречекува Вулверхемптон.