Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалето на Светското Првенство од 2006 година е запомнето и до ден денес. Не само поради мечот помеѓу две големи репрезентации и бројот на фудбалски легенди кои беа во редовите на Франција и Италија, туку и поради „легендарното“ исклучување на Зинедин Зидан.
Во тоа време Италија во Берлин стигна до титулата на Светското Првенство, но средбата ја обележа и конфликтот помеѓу Зинедин Зидан и Марко Матераци.
Зидан во второто продолжение со глава во гради го удри Матераци и доби директен црвен картон и на лош начин ја заврши својата фудбалска кариера.
Кога станува збор за конфликтот помеѓу Зидан и Матераци, веќе одамна е кажано. Италијанецот на крајот успеа толку да го испровоцира мирниот Зидан кој што изреагира бурно.
Интересно е тоа што Зидан и Матераци беа стрелци на двата погодоци за двете селекции во регуларниот тек на натпреварот кој заврши со резултат од 1:1, а Италија до пехарот стигна со тоа што беа подобри во изведувањето на пеналите.
Сега, после цели 13 години, за целиот инцидент и својата одлука да го исклучи Зидан проговори и главниот судија во финалето во Берлин, Аргентинецот Хорацио Елизондо.
„Го видов Матераци како лежи на земјата. Сигурно бев оддалечен 40 метри од местото на инцидентот, а по патот до гужвата ги прашав моите двајца асистенти дали видеа нешто на што добив негативен одговор“, се присети Елизондо, и продолжи:
„Потоа ми се обрати мојот „ангел чувар“, мојот четврт судија Медино Канталехо кој ми кажа дека морам да го исклучам Зидан со црвен картон бидејќи го удрил Матераци со главата. Ми рече дека ќе ми биде криво кога ќе го видам целиот инцидент на телевизија“.
Елизондо напомена дека Зидан би се извлекол и без санкција доколку Канталехо не му објаснил што се случило.