Судијата од мечот Холандија – Аргентина нема да суди повеќе во Катар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахос ги налути Аргентинците со неговите одлуки на мечот против Холандија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

ФИФА реши да го испрати дома затоа што останаа уште четири меча до крајот и нема намера да смета на неговите услуги.

На натпреварот меѓу Холандија и Аргентина имаше многу тензии и препукувања меѓу фудбалерите и Лахоз додели дури 15 жолти картони, а исто така делува дека немал контрола врз натпреварот.

Првото полуфинале се игра меѓу Аргентина и Хрватска утре од 20 часот и го суди Даниеле Орсато, додека не е познат арбитарот за мечот меѓу Франција и Мароко.