Судијата свиреше крај, па Пике објави статус на Твитер, но веднаш доби одговор! (ФОТО)


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа триумфираа на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-0 против Реал Мадрид, а главна ѕвезда беше Пјер Емерик Обамејанг со два гола.

Обамејанг го отвори резултатот, додека до финишот Араухо погоди за 2-0 и така го најави распадот на „кралевите“. Во вториот дел Торес стрелаше за 3-0, а искусниот напаѓач од Габон со неговиот втор погодок ги постави конечните 4-0.

Само неколку минути по крајот на натпреварот дефанзивецот Жерар Пике објави порака на Твитер за победата на неговиот тим.

„Се вративме“, беше кратката порака од Пике.

Меѓутоа, одличниот дефанзивец доби одговор од менаџерот на Карим Бензема.

„Ја имаме насловната страна на утрешното издание на „Спорт“. Да се надеваме дека овој пат нема да погрешиш“, напиша тој.