Судијката од Ју-Ес опен сака да му го загорчи животот на Ѓоковиќ – бара милиони евра отштета!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес опен, по ненамерното удирање на линиската судијка Лаура Кларк со топче.

Според тениските правила, кога ќе се случи тоа, на тенисерите им следи дисквалификација, иако во минатото имаше многу пропусти и поинакви одлуки, посебно во случаи на Роџер Федерер и Серена Вилијамс.

Судијката падна како покосена по ударот од топчето, по што веднаш доби медицинска помош, но интересно е тоа што само неколку дена по силниот удар таа повторно се враќа на турнирот, а тука не планира да запре.

Освен што стана популарна, судијката ќе има можност да стане и богата затоа што дел од американските медиуми пишуваат дека таа има намера да го тужи Ѓоковиќ и да бара голема отштета.