Судот ја отфрли тужбата против Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот во Соединетите американски држави ја отфрли тужбата за силување против Кристијано Роналдо, која беше поднесена од американската манекенка Кетрин Мајорга.

Мајорга го тужеше Роналдо дека ја силувал во 2009 година во Лас Вегас, но Судот во Невада донесе пресуда во корист на фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Судот во Невада во петокот го отфрли случајот поради прекршоците на адвокатите на жртвата Мајорга.

Девојката го обвини Роналдо дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас, а американскиот Суд и во 2019 година реши да пресуди во корист на Роналдо поради недостатокот на докази.

Роналдо претходно кажа дека имал односи со манекенката, но не ја присилил на таков нешто.