Судот на Велика Британија со нови обвиненија за Менди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди се соочува со сериозни обвинувања, а Судот во Велика Британија додаде нови две обвиненија за сил*вања.

Менди беше обвинет дека нападнал четири девојки, меѓу кои и една малолетна на 16-годишна возраст, што ја згрози англиската јавност.

Тој беше во притвор по обвиненијата дека во период од октомври 2020 до август 2021 година нападнал четири жени, а Манчестер сити презема драстичен чекор и го суспендираше.

Судењето на Менди ќе продолжи во среда, а сега има и нови две обвиненија за кои ќе треба да одговара, а ако биде прогласен за виновен, тогаш ќе добие голема затворска казна и ќе му биде прекинат договор со премиерлигашот.