Судот реши: Ѕвезда на Манчестер сити ќе остане во затвор најмалку до 24 јануари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер сити, Бенџамин Менди се појави денеска на Суд поради обвинувањата дека силувал четири девојки.

Дури три од нив ги силувал во октомври минатата година, додека четвртата жртва била силувана минатиот месец.

Менди претходно демантираше дека се случило такво нешто, но на денешното рочиште беше решено да остане зад решетки до 24 јануари 2022 година, кога ќе биде судењето.

По судењето, кое ќе трае 20 дена, ќе биде познато дали Менди ќе остане во решетки уште две години или ќе биде ослободен.