Супер вести за Вардар, Столе Стоилов се приклучи на тренинзите и ќе патува во Белорусија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Капитенот на Вардар, Столе Стоилов се приклучи на тренинзите на клубот откако ги надмина проблемите со коронавирусот.

Стоилов беше позитивен на опасниот вирус и за среќа целиот процес на опоравување го помина без симптоми и без никакви проблеми.

Сега, Столе се врати на тренинзите и е подготвен да патува со тимот кој во вторник ќе летне за Белорусија каде во Брест на 16 септември ќе го одигра првиот натпревар од Лигата на шампионите.