Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Бразил се први финалисти на овогодинешното издание на Копа Америка откако во пофуфиналниот дуел ја победија Аргентина со 2-0.
Ова супер дерби беше одиграно во Бело Хоризонте, а Лионел Меси доживеа уште едно разочарување и повторно остана без трофеј со репрезентацијата.
Бразил и во двете полувремиња постигна по еден гол. Првиот пат Гаучосите ја затресоа мрежата во 19. минута. Целата работа ја заврши Дани Алвеш, а на крајот Роберто Фимирњо му асистираше на Габриел Хесус.
Аргентинците одиграа добар меч, но немаа и среќа. Алисон повторно беше одличен, а кога голманот на Ливерпул не можеше ништо да направи тогаш среќата си го направи своето. Серхио Агуеро ја погодија пречката, односно стативата.
Во вториот дел домаќинот стигна до водство од 2-0 во 71. минута. Овој пат Хесус беше асистент, а стрелец беше Фирмињо. Со овој гол беше решен и победникот.
Бразил во финалето ќе игра против победникот од дуелот Чиле – Перу.