Суперкласикото му припадна на Бразил: На Меси среќата му сврте грб, Габриел Хесус ѕвезда на вечерта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Бразил се први финалисти на овогодинешното издание на Копа Америка откако во пофуфиналниот дуел ја победија Аргентина со 2-0.

Ова супер дерби беше одиграно во Бело Хоризонте, а Лионел Меси доживеа уште едно разочарување и повторно остана без трофеј со репрезентацијата.

Бразил и во двете полувремиња постигна по еден гол. Првиот пат Гаучосите ја затресоа мрежата во  19. минута. Целата работа ја заврши Дани Алвеш, а на крајот Роберто Фимирњо му асистираше на Габриел Хесус.

Аргентинците одиграа добар меч, но немаа и среќа. Алисон повторно беше одличен, а кога голманот на Ливерпул не можеше ништо да направи тогаш среќата си го направи своето. Серхио Агуеро ја погодија пречката, односно стативата.

Во вториот дел домаќинот стигна до водство од 2-0 во 71. минута. Овој пат Хесус беше асистент, а стрелец беше Фирмињо. Со овој гол беше решен и победникот.

Бразил во финалето ќе игра против победникот од дуелот Чиле – Перу.