Суспензија за голем руски шампион зашто ја носеше буквата „З“ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) го суспендираше познатиот руски пливач и олимписки шампион Јевгениј Рилов на девет месеци.

Причина за суспензијата е тоа што бил на митинг на стадион во Москва во чест на руската анексија на Крим и се појавил на бината со буквата „З“, која ја користи руската војска во Украина.

„Раководството на ФИНА ја прими одлуката на Дисциплинската комисија за деветмесечна суспензија на Рилов од учество во сите натпреварувања под наша организација. Суспендиран е поради своето присуство и однесување на стадион во Москва“, соопштија од организацијата.