Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо нема да се појави на церемонијата за доделување Златна топка која France Football ќе ја додели на 3. декември.
Италијанските медиуми утрово ја пренесоа информацијата дека ѕвездата на Јуве нема да се појави на доделувањето на наградат,а а тоа е сосем јасен знак дека тој нема да биде прогласен за најдобар играч во светот за 2018. година.
Како што стојат работите, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ќе ја добие наградата за најдобар и од France Football. Претходно беше прогласен и за најдобар од ФИФА, а Роналдо и тогаш не се појави на тој настан.
Иако Модриќ се смета за голем фаворит, Французите се надеваат дека во финалното гласање пред него да дојдат Рафаел Варан или Килиан Мбапе, но за ова шансите се многу мали.
Лука Модриќ ја прекина десетгодишната доминација на Роналдо и Меси во изборот за најдобар на светот и тешко е да се верува дека хрватскиот фудбалер нема да ја добие и оваа награда.
Роналдо и Меси се рекордери по број на освоени Златни топки и имаат по пет.