Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинеската тенисерка Шуаи Пенг исчезна откако јавно откри дека ја сил*вал политичар и поранешен заменик премиер на Кина, Жанг Гаоли.
Пенг, наводно, пред два дена испрати мејл во кој опиша дека е дома и се чувствува безбедно, но многумина се сомневаат во тоа.
„Не можев да прекинам да плачам. Ме донесе во неговата куќа и ме натера да имаме односи. Немам докази и немам како да ги направам. Секогаш се плашев со себе да земам нешто за да го снимам“, напиша Пенг претходно.
Следеше реакција од Серена Вилијамс, која кажа дека е во шок по веста за Пенг и се надева дека кинеската тенисерка ќе биде пронајдена.
Претседателот и извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон кажа дека е загрижен и сака да се пронајде Пенг, а притоа најави мерки против Кина и одземање на дозволата за да се организираат турнири.