Светското клупско првенство со 32 екипи ќе се игра од 2025 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино соопшти дека Светското клупско првенство ќе се игра со 32 екипи од 2025 година.

На турнирот ќе настапат најдобрите 32 екипи во светот, кои ќе се борат за престижниот трофеј, а оваа идеја првпат беше претставена минатата година.

Инфантино решил дека мора да се реформира натпреварувањето за да биде поконкурентно и поинтересно за гледачите, па затоа ќе се зголеми бројот на екипи.

Засега не е познато каде ќе се игра турнирот во 2025 година.