Сите се прашуваат што се случило и зошто Пујол завршил целиот во крв


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карлес Пујол (41) ги изненади своите фанови со објава на фотографија на која му крвари левата рака и нога.

Легендарниот играч на Барселона се повреди играјќи падл тенис кој е еден од омилените спортови на некогаш одличниот дефанзивец.

Играјќи ја играта која е многу популарна во Шпанија, Пујол разбил стакло и ја раскврарил раката и ногата, меѓутоа очигледно тоа не му паднало тешко.

Со насмевка на лицето и кравата маица во раката ја објави фотографијата на Инстаграм.

Пујол е познат како фудбалер кој на теренот беше многу пожртвуван и секогаш го даваше својот максимум, а очигледно својот карактер не го менува и на рекреација.

Инаку, за помалку од 24 часа фотографијата собра преку 700.000 лајкови.

View this post on Instagram

¿Algún día aprenderé a dosificar? ?

A post shared by Carles Puyol (@carles5puyol) on