Свршеницата на Роналдо објави слика од 18 милиони евра (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо минува низ тешки денови во Саудиска Арабија, но изгледа дека неговата поубава половина, Георгина Родригез, тоа премногу не ја засега – или барем така изгледа според нејзините последни објави. Додека Португалецот се закрепнува од повреда на мускулот, Георгина на Инстаграм постави „стори“, кое малкумина остави рамнодушни.

На фотографијата што го привлече вниманието на светските медиуми, двојката се држи за раце, но во преден план е неверојатниот луксуз. Се проценува дека на таа една слика е прикажано богатство вредно околу 18 милиони евра!

Роналдо е забележан како управува со својата „ѕверка“ – “Bugatti Centodieci” вредно неверојатни 11,8 милиони евра, додека на нивните раце блескаат часовници од марката „Patek Philippe“. Моделот на Кристијано 5719/10G вреди околу 615.000 евра, додека Георгина носи женски модел вреден 385.000 евра.

Меѓутоа, вниманието го украде скапиот прстен за веридба, чија вредност се проценува на неверојатни 5,3 милиони евра!

.