Тадиќ сред ноќ летна за Истанбул и ја крена Турција на нозе (Видео)


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Душан Тадиќ го напушта Ајакс и во новата сезона ќе игра во турскиот шампионат, а наскоро треба да биде промовиран како засилување на Фенербахче.

Турските медиуми шпекулираа дека Тадиќ води преговори со Бешикташ, меѓутоа се случи пресврт и Србинот ќе потпише за Фенербахче.

Фенербахче објави дека договорот допрва ќе биде потпишан, а тоа значи дека Тадиќ прво мора да ги помине медицинските прегледи.