Тајсон го почуствува ударот на Серена: Не би сакал да се борам со неа во рингот (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот боксер Мајк Тајсон ја пречека една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс и покажа неколку свои тајни од боксот.

Тајсон беше воодушевен од силата на Вилијамс, па порача дека не би сакал да се бори со неа ворингот.

„Не би сакал да влезам во ринг со најдобрата на сите времиња, Серена Вилијамс, која многу ја сакам и почитувам. Баш има силни удари“, напиша Тајсон на Инстаграм.

Најмладиот светски шампион во тешка категорија (20 години и четири месеци) објасни на легендата тенисерка како треба да се бори и да боксува, а потоа и самиот ја почуствува нејзината сила.