Тајсон поради борбата со Пол мораше да се откаже од – секс и марихуана!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Легендарниот боксер Мајк Тајсон на 20 јули ќе се бори против јутјуберот Џејк Пол.

Тајсон тренира напорно со цел да биде подготвен за борбата, а во разговор со медиумите кажа дека се откажал од две работи.

„Во моментов морам да живеам дисциплинирано. Тренирам по три пати на ден, веќе неколку недели не сум имал секс со сопругата, ниту пак сум пушел марихуана. Ова не ми се случило одамна“, кажа Тајсон.