Тајвански бизнисмен го купи Бруклин за – 2,35 милијарди долари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот бизнисмен Михаил Прохоров му го препушти Бруклин Нетс на Џо Цаи, кој досега беше сопственик на 49% од акциите во НБА-тимот.

Цаи му исплати на Прохоров сума од 2,35 милијарди долари и така го презема клубот, кој сезонава ќе се бори за повисока позиција.

„Среќни сме што Цаи стана сопственик на Бруклин. Тој ќе се обиде да ја зголеми популарноста на НБА-лигата во Кина и ширум светот“, соопштија од НБА-лигата.

Бруклин летово ги ангажираа Кајри Ирвинг и Кевин Дурант, па сигурно ќе се борат за висок пласман во најсилната кошаркарска лига во светот.