Талент од МЗТ Скопје замина во босански тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот Никола Василевски, кој има само 20 години, го напушти МЗТ Скопје и се пресели во босанскиот прволигаш Промо од Доњи Вакуф.

Василевски ќе игра една година на позајмица, по што ќе се врати во редовите на тимот од Аеродром.

„За првпат македонски кошаркар ќе игра за Промо. Станува збор за младиот Василевски, кој ги мина младинските селекции на Македонија, а доаѓа на позајмица од МЗТ“, соопшти Промо.