Талентираната Гоф го освои Ју-Ес опен, па ги нападна критичарите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската тенисерка Коко Гоф го оствари најголемиот успех во кариерата, откако славеше против Арина Сабаленка во финалето на Ју-Ес Опен.

По победата против Сабаленка, Гоф не заборави да испрати порака до критичарите за кои вели дека ѝ биле дополнителна мотивација на пат кон титулата.

„Им благодарам на сите кои не веруваа во мене. Пред еден месец освоив турнир од серијата 500 и ми кажаа дека тоа ми е границата. Една недела подоцна освоив Мастерс од 1000, па порачаа дека и тоа ми е максимум, но еве три недели подоцна го освоив и турнирот во Њујорк“, вели Гоф.