Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Филип Талески вчера го одигра последниот меч во дресот на Вардар, по што ќе замине во Бенфика.
Овој 27-годишен ракометар беше еден од најдобрите стрелци во изминатите години во дресот на поранешниот европски првак, но сега е време за нов предизвик.
„На почетокот во Македонија имав мали проблеми со формата, но во втората сезона се кренав на друго ниво. За мене Вардар е и ќе биде еден, затоа што во него се вратив каде што треба да бидам“, кажа Талески.
Талески во кариерата играше уште за Металург, Рајн-Некар Левен и Балинген.