Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лејкерси за малку ќе прокоцкаа огромно водство, но на крајот сепак победија и израмнија во серијата против Хјустон.
Јасно е дека по почетниот пораз, тие играа агресивно од самиот старт Леброн и Дејвис комбинираа 62 поени, и иако тимот беше под притисок тие одговорија на вистински начин.
Дејвис постигна 34 поени, имаше 10 скока и 4 асистенции, Лејкерси во втората четвртина заминаа на +21.
Сепак, во продолжение, видовме еден поинаков Хјустон, тие возвратија жестоко, 41:23 во третиот период и успеаја да се свртат. Сепак, кога се очекуваше дека може да се одлепат, Лејкерси се разбудија, во последниот период почнаа да ја враќаат контролата со 23:9, во тие моменти Џејмс покажа зошто е лидер. Постигна 28 поени, имаше 11 скока и 9 асистенции, Маркиф Морис додаде 16 од клупата. Харден, пак, изброја на 27, Гордон постигна 24, на тимот од Тексас му недостасуваше подобар Харден за победа, само 10 поени и 13 скока за „Брадата“, шут 4 од 15, 1 од 7 за три поени.
Тој беше многу фрустриран со својата игра.
„Трчам наоколу, морам да го гледам натпреварот и да најдам начин да бидам подобар“, рече Рас.
Серијата продолжува утре вечер.