„Татко ми не сакаше да се смириме, туку ми кажа дека пак ќе ме истепа“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешната тенисерка Јелена Докиќ гостуваше оваа сезона на Австралија опен како водителка на теренот.

Враќањето на терените потсети на нејзината тажна приказна од минатото, кога била тепана од нејзиниот татко.

„Неколку пати се обидов да се смирам со татко ми, но тој не сакаше, а дури ми кажа и дека ќе ме истепа повторно. Тоа ми падна многу тешко“, кажа Јелена.

Докиќ привлече внимание во 1999 година, кога од квалификациите стигна до полуфиналето на Вимблдон.