„Татко ти е непријател на Украина, отпуштен си!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Киев се раздели со Артур Уваров поради политички ангажман на неговиот татко, а украинскиот клуб објасни дека младиот фудбалер криел дека е „син на непријател на Украина“.

Украинскиот тим донесе необична одлука откако дознаа дека Артур е син на Максим Уваров, човек кој во моментов е заменик претседател на одборот на Народното собрание на Луганск.

„Не одобруваме методи на Сталин во кои синот е одговор за својот татко, меѓутоа по добивањето на доверливи информации, управата на клубот му постави конкретно прашање за татко му, по што добивме негативен одговор“, соопштија од клубот.

Уваров пристигна во Динамо во 2020 година од Шахтер, а настапуваше за екипата до 19 години.