Таткото на Ѓоковиќ заврши во болница поради бизарна повреда

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на тенисерот Новак Ѓоковиќ, вчера заврши во болница откако се здобил со бизарна повреда.

Таткото на Новак се повредил додека хранел птици, односно паднал од стол и се здобил со скршеница на коската на надлактицата.

Новак изминатите денови е во Белград, каде што тренира по елиминацијата од турнирот во Монте Карло.