Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолженијата и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Ќе игра во среда од 21 часот против Аргентина. Англичаните славеа со пресврт во драматичен и контроверзен натпревар. Норвежаните поведоа во 36. минута со голот на Андреас Шелдеруп, но јунак на дуелот беше Џуд Белингем.
Норвежаните се огорчени и тврдат дека во двете ситуации биле сериозно оштетени. Алф-Инг Халанд, таткото на Ерлинг и поранешен дефанзивец на Норвешка со 34 настапи за репрезентацијата, по натпреварот изјави:
“Денес победи судијата. Не сакам да зборувам за судиите по натпреварите, но кога толку клучни моменти се случуваат против една екипа, невозможно е да се игнорираат.
















