Тажен ден за кошарката во Македонија: Во сообраќајна несреќа загина легендата Благоја Георгиевски Буштур


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот поранешен македонски кошаркар, Благоја Георгиевски Буштур загинал во тешка сообраќајна несреќа.

Во скопската населба Кисела Вода Буштур поради влажен коловоз загубил контрола и удрил во бетонските огради покрај патот.

Буштур остави траен печат во македонскиот спорт и пошироко на Балканот.

Популарниот Буштур важи за една од најголемите легенди во македонската кошарка, а речиси целата своја кариера ја помина во редовите на Работнички клуб со кој играше в Првата југословенска лига.

Беше член и на младинската селекција на Југославија која предводена од Лазар Лечиќ ја освои Балканијадата во Ријека, а пак на младинското Европско првенство заедно со своите соиграчи стигна до четвртото место.

Учествуваше на две ЛОИ во Минхен 1972 и Монтреал 1976, кога како член на југословенската репрзентација го освои сребрениот медал. Настапи за репрезентацијата на СФРЈ повеќе од 190 пати.

По завршувањето на спортската кариера, како великан и заслужен спортист, беше член на голем број спортиси асцоцијаци, тренер. Остави траен печат со своите настапи не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.