Тажна вест од Италија, почина фудбалер на Аталанта

Играчот на Аталанта, Андреа Риналди почина во својата 20 година од животот по неколкудневна тешка борба со мозочна аневризма.

Риналди беше под договор со Аталанта, а оваа сезона беше позајмен во тимот на Легнан кој се натпреварува во Серија Д.

„Нашиот воин, Андреа Риналди не напушти. Аневризмата го запре иако пред него беше целиот живот и ветувачката кариера. Невозможно е и да се замисли вака изненадна и голема трагедија“ –порачаа од неговиот акутелен клуб, Легнан.

Риналди во петокот бил примен во болница поради мозочна аневризма, а починал три дена подоцна.