Тажната животна приказна го натерала да го промени името кое го носи на грбот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот играч за врска и член на Тотенхем Деле Али наредната сезона ќе ја одигра со ново име на дресот.

Иако го запаметивме по натписот ‘Али’, од наредната сезона ќе го носи натписот ‘Деле’, над бројот 20 на неговиот дрес.

“Сакам името на мојот дрес да преставува она што сум јас. Не чувствувам никаква поврзаност со презимето Али. Ова е одлуката која ја донесов по многу размислувања и разговори со мојата фамилија“, изјави Али.

Неговата мајка го напуштила кога имал само 13 години. Се обратила на социјалната помош бидејќи имала проблеми со алкохолот.

Тој подоцна завршил кај парот Алан и Сели Хикфорд, кои го одгледале но никогаш не признавале дека формално го присвоиле.

“Знаев дека то е единствениот начин да ги оствари своите сонови и да стане професионален фудбалер”, изјави неговата мајка Денис за The Sun.

Таткото на Али е Нигериец кој моментално живее во САД. Тој и мајката на Али се разделиле седум дена по нивната свадба.